пребарај

Pregledi

Strani

сабота, 20 март 2010

Размислување

Многумина ми замеруваат што не пишувам текстови на блогов.Јас би можел и да пишувам но целта на блогов не беше тоа.Основната цел на оваа моја работа е да ја вратам во живот заборавената Македонска народна песна,нарочито кај помладите генерации.Налетот на турбо фолкот во последнава деценија беше страшен,речиси да не можеше да се чуе никаква македонска музика по скопските кафеани.Пропагандната машинерија на бугарската ТВ Планет и српскиот Пинк,тотално ги доведоа во заблуда помладите генерации,кои почнаа да забораваат дека воопшто постои македонска народна песна.Затоа и се поставени овие стари плочи за да се уверат помладите генерации дека не сме дрво без корен,дека овде се снимала и продуцирала македонска музика уште во времето на бившата држава Југославија.Има толку многу заборавени пејачи за кои многумина не ни слушнале дека постојат,а сите тие оставиле некаква трага во македонската музика.Никако не можам да сватам што е тоа што не тера да го смениме каналот кога ќе го слушнеме гласот на Сариевски,Бадев,или некој друг пејач од постарите генерации,а радиото се пушта до даска кога ќе запее "легендарниот"Шако Полумента,чие што само споменување на името ми ствара мачнина во стомаков.Неверојатно,но тој истиот Шако пред неколку месеци ја наполни скопската Арена.....повеќе од 3000 луѓе имаше на неговиот настап.Сите останати наши пејачи на народна музика не можат да соберат толку луѓе заедно....Ова е борба за да се смени тој начи на на размислување кај младите....Да се врати заборавената македонска песна по македонските слави,крстевки,свадби прослави,а пред се во кафеаните кои што се основно место за забава на младите.
Ете затоа не пишувам многу, но доколку некој сака,слободно нека пише,ќе си поразговараме за темава.

2 коментари:

Анонимен рече...

Некој во Македонија свесно работи на тоа да се заборава и да не се негува македонската изворна музика. Ако погледнеме што даваат и кого промовираат А1, Сител, канал5 итн. ќе видиме дека постојано се промовира српско-хрватската музика и естрада, а кон македонскиот изворен малос се гледа дури и со подсмев.

Mariovec рече...

Кога првпат почнав ова да го правам,служеше за потсмев.На некои од македонските сајтови и форуми,кои што се преполни со српска музика,дури и ми беше забранувано да ги поставувам македонските стари песни.Ме нарекуваа луд, заостанат,и слично...Сега е ситуацијата многу променета на подобро.Младите веќе не реагираат лошо на поставената музика и дури добивам мејлови во кои бараат информации за некои стари македонски пејачи...
Веројатно улогата на медиумите беше пресудна во целава оваа ситуација....турбо фолк на милион начини,српски певаљки,бугарски силикони...трагедија...
Во последно време гледам и некои македонски емисии со македонски народни песни и тоа е она што ни треба за враќање на македонската народна изворна песна на нашиве вековни простори.Неверојатно колку е нашата песна ценета во светот,а дома....никаде ја нема.
Нашите соседи бугари дури украдоа се што можеше да се украде од македонската народна музика,и го претставија како свое на светот.Замислете,на пример песната Лихнида кајче веслаше,која е македонска новокомпонирана песна на еден од валандовските фестивали изведена од Ефто Пупиновски во 80-те години,бугарите отишле дотаму што ја претставуваат како бугарска народна песна од нивното музичко наследство од пред 200 години.....неверојатни се нашите соседи.Кога им ја покажав оригиналната плоча од фестивалот,експресно ме банираа и ми кажаа дека немам врска од музика.
Ете затоа го правам ова и им докажувам на сите која е вистината.Стариве плочи го докажуваат точно тоа-македонското музичко наследство.
Поздрав