пребарај

Pregledi

Strani

четврток, 20 јануари 2011

Nikola Badev- Orkestar Calgii na RTS

Една убава стара плоча од нашата пејачка легенда,а еве малку нешто и за него




Родено име Никола Бадев
Роден Глишиќ, Кавадаречко, Република Македонија 1918
Умрел 1976

Никола Бадев (1918 – 1976) е еден од најпознатите пејачи на изворни македонски песни. Освен како пејач, Никола Бадев бил познат и како собирач на народни песни а во 2006 г. е издадена и збирка, промовирана на концерт оддржан во чест на големиот доајен на народната песна.

Почетоци

Тој првиот свој настап го имал на Радио Скопје во 1948 г. Всушност, тој настап бил и почеток на една блескава кариера на естраден уметник и една од легендите на интерпретаторите и афирматорите на македонската песна. Од тогаш тоа ретко грло ги испеа познатите најлирски песни. Пеел за копнежот на вљубените, оживувал ликови и војводи.

Кариера

Многупати ја обиколувал својата земја и светот. Ги испеал нашите најлирски песни, издал 100-тина плочи, неколку пати ја обиколил земјата и светот. За своите 58 години живот стана вистински народен уметник, кој самиот рекол, песната е мојот живот.
Иако гласот насекаде му е препознатлив, сепак неговото име најмногу е поврзано со песната Параходот.

Македонската песна и Бадев

Параходот стана негова лична карта и химна на Кавадарци, но ги пееше и Збогум мила,Блазе тебе Митро, Меѓутоа,тој имал и многу весели песни - Стани моме да заиграш, пеел и комитски,хумористични, песни од сите жанрови. Имал компонирано и свои песни, но во тоа време не можело да има новокомпонирана песна, така што морал да каже дека таа песна е народна. Затоа многу негови песни се претопиле во народни.

Гордост на семејството Бадеви

„Детството со него ми беше многу среќно, нашата куќа беше постојано со игра и песна“, вели Роска Бадева. Татко ми Никола беше единствен човек, со неговиот златен глас тој беше амбасадор на македонската народна песна, со гордост изјавува постарата ќерка Сузана. „Се сеќавам во младоста кога доаѓаше од странство постојано раскажуваше за неговите доживувања со иселениците, како плачат и како го дигаат во раце, тагуваат за земјата која е напуштиле“, вели Сузана Бадева. Во негова чест е поставена биста во родното Кавадарци, финансирано од локалната самоуправа и брат му Димитар. „Јас 15 години бев кога заминав од Кавадарци, тој остана тука, а јас заминав на печалба“, вели Димитар Бадев. Неговата ќерка Роска која е и автор на монографијата издадена по повод 20 години од смртта на Бадев ја промовираше и книгата збирка народни песни, која содржи 140 од вкупно 800, што нејзиниот татко ги собирал за време на неговиот живот. Најомилена песна на семејството е „Ајде дали знаеш Милице“ посветена на сопругата на Никола Бадев, Милица, песна која секогаш се пее на семејни веселби.

Згаснување на животот на доајенот на македонската народна песна

Болеста го пресекла во 58-та година, меѓутоа и во тие тешки моменти тој пеел. Никола Бадев замина од овој свет а со својата интерпретација остави неизбришливи траги во нашето творештво, ги испеа најлирските песни, ги разбуди најдлабоките чувства на слушателите и како птица-славеј го прелета светот на кој му раскажа дека на Балканот постои еден народ, мал по бројност, но голем по своето културно, уметничко и историско богатство.