пребарај

Pregledi

Strani

петок, 23 април 2010

Есма Реџепова



Есма Реџепова родена 1943, петто од шесте деца на Чанија и Ибраим Реџепови, во мала куќичка во центарот на Скопје. Таткото Ибраим во бомбардирањето на Скопје во април 1941 година ја изгубил едната нога. Се обидел да ги прехрани четирите ќерки и двата сина како чистач на чевли, но бидејќи останал инвалид, некој постојано морал да му ја носи кутијата со бои и четки. Покрај другите браќа и сестри, и малечката Есма станала помошник на татка си. Но, наскоро го проширила „бизнисот“, па им помагала и на другите чистачи на чевли во Скопје. Таа била нивниот главен снабдувач со „репроматеријал“. Трчала до тогаш единствената работилница за производство на боја за чевли „ималин“ и набавувала за сите. Парите што чистачите и ги давале за автобуска карта, таа ги штедела за кино билет, а најчесто во набавки одела пеш. Постарите скопјанки можеби не се сеќаваат дека денешната ромска кралица е она истото девојче што пред педесетина години чекала во ред за да им купи млеко, а тие и давале по некоја паричка што исто така завршувала во билетарницата на скопското кино. Ученичката Есма имала бунтовна природа и никогаш не им останувала должна на оние што сакале да ја понижат нарекувајќи ја „Циганка“. Никогаш не се срамела од работата, ниту кога сиромаштијата го принудила деветгодишното девојче да чисти скали и да брише прозорци во домовите на имотните скопјани. Имала прекрасен глас секогаш широка насмевка и ведра природа. Нејзината мајка никогаш не запеала. Татко и Ибраим пеел, но само за своја душа, зашто пеењето по кафеани го сметал за недостоинствена работа. Неговата 13-годишна ќерка Есма била вљубена во песната, но тој всушност и не знаел дека таа веќе ја пленила публиката со својот глас, пеејќи песна во една театарска претстава и дека добила покана да учествува на меѓучилиштен натпревар во пеење во Сарај.

Таткото тоа го дознал еден ден, кога на вратата на Реџепови чукнал познатиот естраден уметник Стево Теодосиевски. Тој дошол да го убеди да и дозволи на Есма да настапува со неговиот ансамбл. Таа есен 1957 година, Есма победила на натпреварот и добила покани за соработка од Радио Скопје. Во 13-годишната црномуреста девојка, облечена во скромно фустанче, музичките критичари откриле вонсериски талент. Тој момент животот на Есма добил поинаков тек. Таа се вклучила во ансамблот на Теодосиевски, а татко и добил ветување од Стево дека тој ќе се грижи за неа, за нејзиниот настап, за кариерата и оти нема да дозволи таа да стане кафеанска пејачка. Дом и станал стариот автомобил на Стево Теодосиевски, патиштата, новите градови и хотелите. Есма денес речиси и не може да се сети на првите официјални настапи. Прво почнале со скромни турнеи во Македонија, потоа во републиките на бивша Југославија. Првиот настап на Есма надвор од СФРЈ бил во 1961 година во Бугарија. На двомесечната турнеја таа била вистинска атракција, затоа што во тоа време не било „природно“ Ромите да се вклучат во естрадниот живот. Заради контактите и поразвиениот музички пазар, скопјанката Есма од 1960 година станува жител на Белград.

Нејзин дом биле две соби на Дедиње, во кои живеел целиот ансамбл „Теодосиевски”, вклучувајќи ја мајката на Стево, која на Есма и била како втора мајка. Музиката и заедничкото живеење со Стево Теодосиевски ги крунисала во брак во 1968 година. Драчевци и денес се сеќаваат на големата и весела ромска свадба, а седум дена подоцна бракот го регистрирале во Белград. Oд белградскиот аеродром почнуваат многу патувања на ромската музичка кралица. Есма станала популарна и поради тоа влегла во протоколот на претседателот на Југославија. Првпат пеела пред Тито во 1961 година, кога гостин на маршалот му бил индонезискиот претседател Сукарно. Со нејзините песни се расположил и либискиот лидер Гадафи, кога летувал во Титовата резиденција на Бриони. По 30 години брак, смртта на Стево ги раздели Кралот и Кралицата. Но, таа вели дека тој останал присутен во нејзиниот живот.
Есма досега „излажала“ многу народи. Кога пеела во Шпанија мислеле дека е шпанска Ромка. Во Русија „малку го згрешила акцентот“, па публиката помислила дека е од Узбекистан. Во Келн публика од 20.000 гледачи занемела пред нејзиниот глас. Во концертната сала завладеала апсолутна тишина како никогаш дотогаш. Таа е среќна што по втор пат е номинирана за Нобелова награда[1] за мир. Првпат во 1987 година, како кандидат на Црвениот крст на Југославија. а сега како адут на Светската организација на Ромите, со поддршка на 76 невладини организации и лајонс-клубовите во земјава. Есма никогаш не родила свои деца, но посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“. Мајката на најмногу деца во Македонија денес има повеќе од 100 внуци и правнуци. И покрај настапите, и покрај грижата за големото семејство, таа успеа да даде и свој придонес во политиката. Беше и сѐ уште е активна членка на Демократска алтернатива на Васил Тупурковски.Но, како и во животот, така и во политиката таа настапува со своето космополитско кредо:

Есма е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање на 11 март, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Country : Macedonia, Style : Gypsy
Released : 2008, Label : Mister Company
Size : 71.8 mb, Audio : 128 kbps
Disc 1
01. Nasvali so uljum
02. A bre kako
03. Kamlorea
04. Hovavnea
05. Korkoi phirava
06. To anav na vakerav
07. Acijum korkori
08. Rakenkar phirava
09. Barvalipe na mangav
10. Nathareja mo ilo paljan
11. Ikerav tut ko ilo

Disc 2
01. Kazi brezo
02. Nemoj vreme ti da gubis
03. Bolna lezam
04. Nema fajde
05. Zosto si me majko rodila
06. Porta na ljubovta
07. Site devojcinja
08. Moeto srce cuka, cuka
09. Stara majko
10. Svadba makedonska
11. Vozot pisna
12. Ljubov otrovna