пребарај

Pregledi

Strani

вторник, 29 ноември 2011

Violeta Tomovska 17.01.1967



Violeta Tomovska - Cvetinite oci ceresovi.mp3
Violeta Tomovska - Ja izlezi libe licno.mp3
Violeta Tomovska - Ori Nedo bela Nedo.mp3
Violeta Tomovska - Se kacilo mome na jabolce.mp3

Malku za Violeta-izvor Википедија

Биографија

Виолета Томовска потекнува од музичко семејство. Основно образование завршила во Битола, каде учествувала во сите музички секции во училиштето и свирела на мандолина, а подоцна станала и член на КУД „Илинден“ - Битола. Во 1959 г. се запишала на Учителската школа во Скопје и се зачленила во КУД „Орце Николов“.

Од 1959 г. до 1963 г. секојдневно вежбала клавир со нејзиниот вујко Благој Петров - Караѓуле и со нејзината тетка Блага Петрова - Видец. Уште од млади години имала можност да работи со доајените на македонската музика. Ги посетила сите земји каде што има македонски иселеници и заедно со неа пееле и тие, но и тагувале за родната земја.

Во 1960 г. настапила во радиоемисијата „Микрофонот е ваш“ и добила прва награда, што за неа претставувал поттик за понатамошна работа, а со тоа ѝ се остварила желбата да работи во Радио Скопје. Веднаш потоа Александар Џамбазов за неа ја напишал песната „Пелистерски очи“ со која станала многу популарна.

Во 1961 г. Виолета Томовска започнала да настапува со оркестарот на Радио Скопје, а во 1963 г. за првпат снимила песна во Холивуд, во филмско студио, песната „Судбо, судбино“. Наредната 1964 г. снимила плоча со ансамблот „Танец“ како дует Крнчева - Манчевски во РТВ Белград. За кратко време плочата станува хит (златна плоча) и тие стануваат ексклузивци на куќата. Снимила 15 сингл плочи и многу ЦД-а. Нејзини снимки од забавни и народни песни се наоѓаат во архивите на поранешното Радио Скопје, денес Македонско радио.

Виолета Томовска е голем хуманист и е претседател на Здружението „Животна искра“. Дава исклучителен придонес во областа на превенцијата и заштитата од малигни заболувања, посебно во организирањето и спроведувањето на активности за унапредување на здравјето на жените. Здружението „Животна искра“ е одликувано со „Медал за заслуги за Македонија“, од претседателот на Република Македонија, во 2008 година[1]. Искажувајќи ја својата хуманост, досега одржала голем број хуманитарни концерти. Член е на „LIONS CLUB“ од Чикаго, САД.