Rados na majka donesi.mp3
Ovoj blog ima za cel promocija na makedonskata narodna muzika i pred se moj nacin na borba protiv turbo folkot od bilo koj oblik
вторник, 29 март 2011 г.
Vaska Iliva i ansambl Branka Milenovica EP - 12766 RTB
Bitola te napustame.mp3
Libe le moe ubavo.mp3
Posledna zelba.mp3
После толку плочи од Васка Илиева,еве малку нешто и за неа,колку да се знае по нешто
Васка Илиева (родена на 21 декември 1923 во Скопје - почина на 4 мај 2001 во Скопје)- доајен на македонската народна песна и една од најпознатите македонски изведувачи на народна музика.
Васка Илиева е родена во скопската населба Чаир на 21 декември 1923 г. во семејство на музичари. Нејзиниот татко, Тодор Бошков Велков, бил познат гајдаџија. Васка Илиева својата музичка кариера ја започнува пред 1950 г. во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува многу популарна и настапува на безброј концерти, не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и во Бугарија и секаде во светот каде што живеат Македонци. За време на долгата музичка кариера, во Република Македонија и насекаде по светот каде што живеат Македонци ја нарекуваа „Жива легенда“ на македонската народна песна, "Кралица на македонската народна песна", како и „Амбасадор на македонската народна музика“. Васка Илиева умира на 4 мај 2001 г. во родното Скопје.
Етикети:
Ilieva,
makedonska narodna muzika,
narodna,
vaska
Претплати се на:
Објави (Atom)